Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваjќи на конференцијата Глобсек во Прага, преку видео врска, предупреди дека европското општество и САД мора да разберат дека војната на Владимир Путин е насочена кон НАТО и „цивилизираниот свет“, а Украина е „само првата линија“ на напад, пренесува „Гардијан“.
„Секоја линија е важна, но најважна е првата линија, бидејќи ако таа пропадне, сè ќе пропадне“, рече тој.
Зборувајќи преку преведувач, тој тврдеше дека поддршката на Украина „значи безбедност за Европа денес“.
„НАТО е сигурен сојузник, но фактот дека Украина стои таму и не дозволува војната да се шири понатаму, тоа претставува силни безбедносни гаранции за цела Европа, и затоа Украина мора да се зајакне“, рече тој.