Велосипедска трка во Радожда, Охрид и во Струга

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре 13 јуни, започнува вело-викендот насловен како „На точак, Охрид и Струга да видам“. Во сабота, ќе се одржи рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда. Овој спортски настан, се одржува по деветти пат, а главната цел е актуелизирање на  иницијативата за велосипедско поврзување на двата град ови, Охрид и Струга како и вело-конекција Охрид – Св.Стефан, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.

„На овој начин ги промовираме Охрид, Струга и целот крајезерски регион во целина, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа и ќе бидат причина плус за зголемен број на туристи на ривиерата“, велат организаторите.

Утре во 19.30 часот, на градското пристаниште во Охрид, учесниците ќе можат да ги подигнат своите сетови, а почетокот на рекреативната велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда е во сабота во 8 часот од градското пристаниште во Охрид.

INFO