Обуки за јакнење на мултисекторските тимови за поддршка на жртви од родово и семејно насилство

Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Фондот за население на Обединетите нации и Хелсиншкиот комитет за човекови права, со финансиска поддршка на Британската амбасада во Скопје, ја одржа првата еднодневна обука наменета за членовите од мултисекторските тимови составени од стручни лица од центрите за социјални работи, полициските службеници, здравствени рaботници и граѓански организации.

Првата обука од вкупно планирани пет, вчера се одржала во Штип, а останатите четири ќе се организираат во Скопје (17.06), Битола (20.06), Куманово(23.06) и во Тетово (24.06).

„Обуките ќе придонесат за да се зајакнат знаењата и практичните вештини на членовите на мултисекторските тимови кои работат на спречување, заштита и поддршка на жените жртвите на родово базирано и семејно насилство. Обуката опфаќа теоретски презентации, дискусии, практични вежби и симулации, преку кои учесниците ќе ги зајакнат своите знаења за координирано постапување, комуникација и ефективна поддршка на жртвите. Посебен фокус е ставен на практичната примена на Протоколот за меѓусебна соработка на надлежни субјекти за преземање мерки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство“, информираат во министерството.

INFO