Нападната руска фабрика за беспилотни летала

Нападната е руска фабрика за беспилотни летала, на 1.000 км оддалеченост во Татарстан, пренесува „Гардијан“. Фабриката што произведува беспилотни летала „Шахед“ од ирански дизајн е погодена, а руските напади оштетуваат енергетски и други цивилни објекти во полтавската област.

Украинската војска вчера соопшти дека нападнала руска фабрика за беспилотни летала во градот Јелабуга во рускиот регион Татарстан. Целта е оддалечена околу 1.000 км од Украина. Генералштабот на украинската војска соопшти дека фабриката произведувала, тестирала и лансирала беспилотни летала кон Украина, посебно против енергетската и цивилната инфраструктура.

Рускиот локален гувернер го потврди нападот. Руските сили ја нападнаа рафинеријата за нафта Кременчук во украинскиот регион Полтава со ракети и беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана вчера.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го осуди нападот врз централниот регион Полтава како подмолен удар врз украинската енергетска инфраструктура, за кој рече дека се случил „откако Американците нè замолија да не напаѓаме руски енергетски објекти“. Украинските власти изјавија дека нападите главно биле насочени кон енергетски, земјоделски и цивилни објекти.

INFO