Утринава како што беше и официјално најавено, УЕФА ги одреди групите во пресрет на денешната ждрепка за 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и во Лигата на Конференции. Истата ќе се одржи денеска во Нион, и тоа во 12 часот за ЛШ и во 14 часот за Лигата на Конференции.
Вардар се наоѓа во групата 1 во ЛК, и ако ја мине Ла Фиорита на стартот, тогаш во 2.коло би можел да игра со Шамрок, Санта Клара, Данди Јунајтед, Балкани…
Работнички е во групата 8 и би можел да се сретне со Макаби, Австрија Виена…