Дивац итно опериран, вграден му е вештачки колк

Легендарниот екс југословенски, и српски кошаркар, Владе Дивац вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа во Црна Гора возејќи мотор. Кај месноста Луштица, Дивац паднал од својот мотор, и не можел да стане, па морало веднаш да му се укаже лекарска помош.

Брзата интервенција на лекарскиот тим го спасила Дивац од посериозни повреди, но и со тоа морало да има хируршка интервенција. Вграден му е вештачки колк, затоа што најмногу страдал тој дел од телото на легендарниот кошаркар.

Последните информации се дека тој е стабилно и дека посериозни здравствени проблеми не би требало да има. ж

За потсетување, Дивац е еден од најголемите кошаркари од овие простори на сите времиња, а настапуваше за Слога Краљево, Партизан, Лејкерс, Шарлот, Црвена Звезда и Сакраменто.

INFO