Политичарите во Бугарија бараат оставката од Бугарската влада по поразот во Европскиот Парламент

Лидерот на бугарската партија „Преродба“ (Вазраждане), Костадин Костадинов, побара оставка од бугарската влада поради, како што рече, неуспехот да ги заштити бугарските интереси во процесот на евроинтеграција на Македонија. Повикот следеше по одобрувањето на извештајот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, во кој се признава македонскиот јазик и идентитет, но не се споменува бугарското малцинство или репресиите врз Бугарите во Македонија.

Костадинов ја обвини владејачката коалиција и европратениците што, според него, останале неми додека се блокирале амандмани во корист на бугарското малцинство. На Фејсбук напиша:

– Честитки до нашите сојузници во ЕУ кои докажаа дека со вакви сојузници, не ни требаат непријатели.“

 

INFO