СКП: Сите бразилски тимови влегоа во осминафинале, Аргентинците си заминаа дома

Сите четири бразилски екипи кои се дел од Светското клупско првенство на ФИФА обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското клупско првенство. Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе продолжуваат во 1/8-финалето на турнирот, покажувајќи дека во моментов можат сериозно да им парираат и на европските фудбалски гиганти.

Во исто време, двата аргентински клуба, Ривер Плата и Бока Јуниорс, беа елиминирани во групната фаза. И двата тима завршија како трети во своите групи.

Барем еден од бразилските тимови ќе стигне и до четвртфиналето на турнирот, бидејќи Палмеирас и Ботафого ќе играат меѓусебно во осминафиналниот дуел.

INFO