Јончевски ги одбра конечните 12 за Литванија

Денеска од 18:00 часот, Македонија го игра првиот од двата натпревара против поранешниот европски шампион Литванија.

Мечот се игра во Скопје, а македонската репрезентација ќе биде десеткувана бидејќи недостасуваат најдобрите играчи. Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс имаат натпревари во Евролигата, Итан Хап е повреден, а Андреј Јакимовски настапува во НЦАА каде сезоната е во полн ек.

По повредите и откажувањата, од конечниот тим отпадна кошаркарот на МЗТ Скопје, Марин Петков, но тој останува во комбинација, евентуално, за реваншот во Клаипеда в недела.

Предност доби Страхил Николов од ТФТ, пред се поради недостатокот на високи играчи кои треба да се им се спротивстават на Литванците. Тој, заедно со Бојан Крстевски, Андреј Маслинко и Лејсон Зеќири ќе треба да ја водат битката под кошевите.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ:

Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Дамјан Робев
Виктор Ефремовски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Лејсон Зеќири
Страхил Николов
Стојан Ѓуроски
Бобан Стајиќ
Адем Мекиќ
Кристијан Николов

The post Јончевски ги одбра конечните 12 за Литванија appeared first on sportsport.mk.

INFO