Канадски државјанин почина во притворниот центар на имиграциските служби во Флорида

Властите ја истражуваат смртта на канадскиот државјанин кој почина во притвор на американската Служба за имиграција, се вели во соопштението на агенцијата. Џони Новиело (49), бил пронајден без свест во понеделник околу 13 часот во Федералниот притворен центар на Бирото за затвори во Мајами, пренесува Њујорк Тајмс.

Медицинскиот персонал нарпавил кардиопулмонална реанимација, автоматски надворешен дефибрилаторски шок, но иако се јавиле на 911, Новиело бил прогласен за мртов во 13:36 часот, соопшти агенцијата.

Служба за имиграција соопшти дека го известила канадскиот конзулат за смртта на Новиело. Канадскиот конзулат не одговориле веднаш на барањата за коментар.

Новиело влегол во САД во 1988 година со легален статус на виза и станал законски постојан жител во 1991 година. Во октомври 2023 година, тој бил осуден по обвиненија за рекетирање и трговија со дрога во округот Волусија, Флорида, и бил осуден на 12 месеци затвор.

Судските записи покажуваат дека Новиело и неговиот татко биле уапсени и обвинети во 2017 година за продажба на дрога, вклучувајќи хидрокодон и оксикодон, во продавница за автомобили во Дејтона Бич, Флорида.

Агентите на Служба за имиграција го уапсиле Новиело на 15 мај во канцеларијата за условна казна на Одделот за корекции на Флорида, а тој бил приведен во исчекување на постапката за отстранување бидејќи ги прекршил законите за дрога на САД, според агенцијата.

Неговата смрт се случила откако агентите на ICE извршиле сеопфатни апсења низ САД како дел од мерките на Трамп против имиграцијата.  Трамп издаде неколку извршни наредби оваа година со цел депортирање милиони недокументирани имигранти, а апсењата на ICE во судовите, рестораните, хотелите и фабриките предизвикаа широки протести.

Новиело е десетото лице кое почина во притвор на Службата за имиграција оваа година и четврто лице кое почина во притвор во Флорида, според сајтот на агенцијата.

INFO