Трагедија: Тренер починал за време на камп на Баерн

Тренер почина за време на тренинг камп за младински фудбал организиран од Баерн Минхен. Трагичниот инцидент се случи во понеделник во саксонскиот град Риеса, а кампот беше предвреме завршен во знак на почит.

Дотичниот тренер, кој е од авганистанско потекло, одеднаш се струполил на фудбалскиот терен веднаш по ручекот и, и покрај брзата интервенција на службите за итни случаи, почина во болница.

Кампот, во кој учествуваа 119 деца и тинејџери од регионот Риеса, беше дел од петдневна програма организирана во соработка со BSG Stahl Riesa.

Инцидентот се случил во Арена Фералпи, каде што тренерот, надворешен вработен во клубот, одеднаш се струполил на теренот. Медицинските екипи пристигнале брзо и му укажале прва помош пред да го транспортираат во болница.

INFO