Општина Тирана објави дека од 1 јануари 2025 година, локалните пензионери ќе може да патуваат бесплатно со градски автобуси, пренесува јавниот сервис TVSH 2.
Бесплатниот превоз ќе биде овозможен за пензионери постари од 60 години за жени и над 65 години за мажи, чиј вкупен број властите го проценуваат на околу 178 илјади.
За да ја уживаат оваа привилегија, пензионерите од престолнината на Албанија треба да имаат набавено пензионерска картичка. Потоа на места за е-услуги обезбедени од општината на картичката ќе може да ја повлечат општата претплата.
Советот на Општина Тирана одлуката за бесплатен превоз на пензионери ја усвоил на 19 ноември, со гласови на владеачкото мнозинство од Социјалистичката Партија. Советниците од опозицијата ја бојкотирале седницата, тогаш информираше АДН.
Освен за пензионери, Тирана овозможува бесплатен јавен превоз и за студенти, кои исто така имаат право на посебна картичка за е-услуги.