Вучиќ ги помилува членовите на СНС обвинети за напад и нанесување тешки телесни повреди

Основниот суд во Нови Сад за Н1 соопшти дека четворица активисти на Српската напредна партија (СНС), обвинети за напад врз студенти и нанесување на тешки телесни повреди, се ослободени од кривично гонење по одлука за помилување од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што информира судот за Н1, Министерството за правда на Србија на 2 јули ја доставило одлуката за помилување со која К.С. (30), Р.Д. (22), Б.Н. (22) и Д.Н. (22) се ослободуваат од одговорност за кривични дела, меѓу кои тешка телесна повреда и насилничко однесување.

Четворицата беа обвинети за насилен напад на студенти во ноќта меѓу 27 и 28 јануари, кога, според обвинението, на една студентка и била скршена вилицата.

По оваа одлука донесено е решение со кое се укинува мерката домашен притвор со електронски надзор за еден од обвинетите, Д.Н. (22).

Судот соопшти дека предметот ќе му биде доставен на надлежниот судија за понатамошно постапување, согласно донесеното помилување.

INFO