Маск вели дека започнал со формирање на нова политичка партија по несогласувањето со Трамп

Милијардерот Илон Маск изјави дека започнал со формирање на трета политичка партија, по драматичната расправија со Доналд Трамп, наведувајќи дека ќе ги исполни заканите што ги упати доколку законот за внатрешна политика на претседателот стапи во употреба, пренесува Си-Ен-Ен.

„Кога станува збор за банкротирање на нашата земја со расипништво и мито, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија. Денес, Американската партија е формирана за да ви ја врати слободата.“ изјави поранешниот „најдобар другар“ на Трамп на својата платформа Икс, Илон Маск.

Маск, најголемиот индивидуален донатор на претседателската кампања на Трамп во 2024 година и, до неодамна, близок советник на претседателот кој го предводеше притисокот на неговата администрација за намалување на владиниот расипнички трошок, го критикуваше „големиот прекрасен закон“ на Трамп поради проценките дека тој ќе додаде трилиони долари на федералниот дефицит.

Критиките на Маск за законот беа катализатор за голем спор меѓу двајцата мажи минатиот месец. Таа расправија навидум се смири откако Маск изрази жалење и ги избриша најзапаливите објави на социјалните мрежи што ги направи за Трамп, но повторно се разгоре во последните неколку дена додека законот се приближуваше кон усвојување. Трамп го потпиша законот во петокот.

Не е јасно до кој степен Маск презеде чекори за легално формирање на партијата, која ќе треба да се регистрира во Федералната изборна комисија. Најновите поднесоци до Федерална изборна комисија, не покажаа никакви индикации дека тоа се случило.

Најбогатиот човек во светот посочи дека сака партија која е фискално конзервативна и ги контролира трошењата, но понуди малку други детали за тоа каква би била платформата на партијата.

Маск и Трамп имаат слични ставови за современите општествени прашања. Но, Маск тврди дека републиканската политичка агенда ќе го зголеми долгот, нарекувајќи го „должно ропство“.

Двопартискиот систем во Соединетите Американски Држави долго време е критикуван и од регистрираните демократи и од регистрираните републиканци, но напорите во минатиот век за формирање трета партија покажаа мал успех. Милијардерот Рос Перо се кандидираше за претседател како независен во 1992 година, освојувајќи речиси една петтина од гласовите на народот, но не освои ниту една држава на изборите, на кои победи Бил Клинтон.

Како што претходно објави CNN, експертите за финансирање на кампањи и политички науки велат дека е финансиски и правно тешко да се создаде нова партија, а гласачите и кандидатите се двоумат да се приклучат.

Маск изјави во други објави на социјалните медиуми оваа недела дека неговата партија ќе стане активна политичка сила за време на среднорочните избори следната година и дека првично ќе се фокусира на поддршка на кандидати само во неколку трки за Претставничкиот дом и Сенатот.

Трамп, пак, упати свои закани кон човекот кој во еден момент беше негов највидлив советник. Претседателот претходно оваа недела изјави дека владата може да ги преиспита своите огромни договори со компаниите на Маск и го опиша Одделот за владина ефикасност, кој милијардерот претходно го водеше, како чудовиште кое може „да се врати и да го изеде Елон“.

INFO