Денеска на дневен ред пред Собранието на Република Србија требаше да биде предлог-буџетот за 2025 година заедно со уште 50-тина точки, но расправата не се одржа откако дојде до физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата, пренесува Н1.
Обезбедувањето ги двоеше пратениците, а голем дел од нив продолжија да ја ескалираат состојбата со кошкање околу навредлив транспарент кој пратениците од мнозинството го закачија на собранискиот балкон. Претседателката на собранието од владејачкото мнозинство, Ана Брнабиќ го исклучи микрофот за српската јавност да не може да слушне што се случува во Собранието. Го вклучуваше само кога сакаше да повика на мир и да продолжи седницата.
Брнабиќ најпрво даде пауза, па ѝ се обрати на јавноста, па влезе во собраниската сала и за неколку минути, опкружена со силно обезбедување и неколку пратеници од опозицијата, прочита 68 точки од дневниот ред меѓу кои е расправата за буџетот за 2025 година.
Ги прочита сите предлог-закони, праша дали сака некој да зборува, одржа политички говор, ја затвори дискусијата и го напушти своето место. Гласањето допрва треба да биде закажано.
Пратениците од опозицијата за сето тоа време свиреа со свирчиња и вувузели и извикуваа „убијци“. По седницата без расправа, одредени пратеници на опозицијата оценија дека денешната седница претставува „воведување на стечкај во парламентарниот живот на Србија“, како и дека е „направена фарса од денешната седнца“.
Sjednica Skupštine Srbije prekinuta zbog fizičkog sukoba zastupnika https://t.co/2YZoMCuNFC pic.twitter.com/jKf4O9eEZZ
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) November 25, 2024