Вардар одличен, Шкендија солидна, Силекс и Работнички разочараа!

Откако се одиграа сите први мечеви од 1.квалификациско коло во ЛШ и ЛК, се разбира дека тука мислиме на нашите клубови, треба да се направи едно кусо резиме за тоа што го видовме.

Ќе тргнеме од Вардар и неговата победа од 3:0 против Ла Фиорита, синоќа на Арената во Скопје. И не само поради убедливиот триумф, туку пред се поради начинот на кој дојде до неа, нашиот најтрофеен клуб заслужува само честитки. Сериозноста на стратегот Гоце Седлоски и неговата чета делуваше импозантно. Вардар покажа како треба да се игра во Европа. Некој ќе рече, а има и такви, ете победија тим од Сан Марино па сега ќе прават еуфорија.

Па, не ќе е баш така. Фактот дека Ла Фиорита беше носител при ждрепката за ова прво коло кажува многу. Одамна македонските клубови не се фаворити. Затоа Вардар само треба на реваншот во Сан Марино уште еднаш сериозно да си ја сфати работата и си закаже двомеч во следната рудна со швајцарската Лозана.

Шкендија беше сосема солидна во Велс кај ТНС и затоа се тие 0:0. Пред седум години тетовци од тој противник примија четири парчиња, а сега ниту еднаш не се тресеше мрежата на нашиот шампион. Шкендија до таа 65-70 минута беше подобра, можеше и требаше да даде барем два гола, но на крајот можеше да биде поразена. Ова реми е добра увертира пред реваншот во Скопје во вторник. Шкендија има голема шанса уште еднаш да го елиминира ТНС и во втората рунда во квалификациите во ЛШ си закаже двомеч со подобриот од двомечот меѓу ФЦСБ (Романија) и Ескалдес (Андора).

INFO