МНРиНТ упати протестна нота до Софија за изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев

Во врска со ова, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, г. Жељаско Радуков, на кого му беше пренесен официјалниот протест и му беше укажано на несоодветноста на ваквиот јавен дискурс од страна на висок функционер на бугарската влада, соопштуваат од МНРиНТ на Македонија.

„Таквите изјави, во кои се користи недоличен речник и се омаловажуваат претставници на суверена држава, претставуваат директна повреда на основните принципи на меѓународното право и дипломатската комуникација. Тие не придонесуваат за унапредување на добрососедските односи и се во спротивност со духот на конструктивен дијалог и заемно почитување што треба да ја води соработката меѓу двете земји.

Очекуваме од официјална Софија да упати соодветно извинување, во насока на зачувување на достоинствената и принципиелна билатерална комуникација“, порачуваат од македонското МНРиНТ.

 

INFO