„Еден Бугарин и еден Македонец на плажа во Бургас се братимеле пред неколку дена откако ги потрошиле сите навреди. Дури ја зеле на помош и Библијата.
Бугаринот: Сите ние Бугарите сфативме дека потекнуваме од мајмуни, само вие Македонците не сфативте дека потекнувате од Бугари.
Македонецот: Мајмуни си бевте и мајмуни останавте. А ние водиме потекло од библиски времиња. Затоа нас нѐ има во Библијата.
Бугаринот: Зарем никој не ви кажал дека сите народи спомнати во Библијата се изумрени.
Македонецот: Ние сме тука и само Сонцето е постаро од нас.
Бугаринот: Затоа ќе ве држиме во кафез и ќе ве покажуваме како уникати.
Македонецот: Не верувам дека има сосед полош од вас.
Се разишле разлошени. Но, следниот ден повторно се сончале на истите места. Со книги во рацете. Бугаринот со Библија печатена пред 100 години, Македонецот со Библија печатена пред 50 години (издание на Раде Силјан, Македонска книга).
Бугаринот: Сега ќе се согласиш дека обајцата потекнуваме од мајмуни?
Македонецот: И мајмуни ќе си останеме.
Според сведокот што ми го раскажа ова, и двајцата користеле зборови од богатата славјанска лексика што е заедничка за сите словенски народи на Балканот. Не само што се разбрале туку си размениле адреси.
(Можен ли е ваков хепиенд во некоја блиска иднина? Се разбира)“.