Хрватите во чудо, Далиќ станува селектор на Катар?

Угледниот катарски весник „Ал Раја“ ја објави бомбастичната вест дека актуелниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ наскоро ќе стане стручен шеф на репрезентацијата на Катар.

Според нивните информации, најуспешниот селектор во историјата на Хрватска постигнал договор со Фудбалскиот сојуз на Катар и во наредните денови ќе го замени Шпанецот Маркез Лопез.

Наводно, остана само да се средат документите, за да може 58-годишниот да седне на клупата на азиската селекција.

Во меѓувреме, во Хрватска се шокирани од тврдењата од Катар. Тие сметаат дека оваа бомбастична вест е објавена само заради тираж, а од Фудбалскиот сојуз на Хрватска не се огласија ништо за потенцијалното заминување на Далиќ.

INFO