435 најуспешни ученици наградени од Општина Кисела Вода

На денешната свеченост што се одржа во Домот на култура „Билјана Беличанец“, беа доделени награди на најуспешните талентирани ученици од областа на образованието и спортот, кои во изминатиот период постигнаа одлични резултати и достојно ја претставуваа Општина Кисела Вода.

Со вредносни ваучери, финансирани од буџетот на Општината во висина од 2.000.000 денари, беа наградени вкупно 435 ученици. 210 од нив за достигнувања во образованието и 225 за спортски успеси.

-На сите наградени ученици од срце им честитам за успесите. Вие сте гордост на Кисела Вода и инспирација за вашите врсници. Како градоначалник, целосно го препознавам и поддржувам талентот и вложениот труд. Затоа вложуваме во вакви програми, за да ве мотивираме, за да поттикнеме и за да покажеме дека трудот секогаш се исплаќа. Овој модел на поддршка треба да се прошири на територија на цело Скопје, затоа што иднината ни лежи токму во овие млади луѓе-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

INFO