Собранието на Јужна Кореја ја поништи вонредната состојба, ситуацијата е сѐ уште тензична

 

Претседателот на парламентот ја прогласи воената состојба за неважечка, многу брзо откако претседателот на Јужна Кореа, Јун Сук Јеол, прогласи дека земјата стапува во воена состојба по заканите коишто ги добиле од Северна Кореа, што не се случило уште од 1980 година, пренесува Ројтерс.

Движењето на Јун, кое го образложи како насочено против неговите политички противници, беше гласно оспорено дури и од лидерот на неговата партија, Хан Донг-хун, кој бил присутен на гласањето во парламентот и кој имал судири со Јун за начинот на кој претседателот се справува со последните скандали.

Во Јужна Кореа во живо на телевизија беа прикажувани војници со шлемови, кои наводно биле задолжени за воведување на воената состојба. Било прикажувано како се обидуваат да влезат во зградата на собранието, а помошниците на пратениците се гледаат како се обидуваат да ги сопрат војниците со распрскување на апарати за гасење на пожари.

Претседателот Јун изјави дека опозициските партии го завземале парламентот како заложник. Тој се закани дека ќе ги искорени „срамните про-севернокорејски анти-државни сили“ и дека нема друг избор освен да преземе ваков мерки за да го заштити уставниот поредок.

Кратко по неговото обраќање во живо на телевизија, граѓаните на Јужна Кореја започнаа да протстираат пред зградата на парламентот.

INFO