Трајков: Со бројни поволности преку ЕУ фондовите до забрзан развој на општините

Заменик-министерката за европски прашања, Трајков, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев во општината Василево се сретна со градоначалникот на оваа општина, Славе Андонов. На средбата се дискутираше за потребите на општината во однос на зацртаните проекти и можноста овие проекти да се реализираат преку европските фондови. При тоа, заменик-министерката за европски прашања, Трајков ја истакна подготвеноста на Министерството за европски прашања да помогне во процесот на подготовка на апликации за европските фондови коишто и се на располагање на нашата земја.

Беа дефинирани и конкретни чекори со цел подобрување на капацитетите на општината за поголема искористеност на ЕУ фондовите.

На оваа тема, заменик-министерката за европски прашања, Трајков дискутираше и за време на нејзината посета на општината Босилово, каде имаше средба со градоначалникот Ристо Манчев.

Се разговараше и за актуелните и планираните проекти и во областа на земјоделството и можноститеза поддршка на овие проекти преку европскитефондови, со што ќе се помогне и на локалните земјоделци и нивните бизниси.

При тоа, заменик-министерката за европски прашања, Трајков ја истакна можноста за зголемување на капацитетите на општините во однос на процесот на аплицирање за европските фондови преку поддршката која во моментов ја обезбедува Министерството за европски прашања.

Заменик-министерката за европски прашања, Трајков, на средбата истакна и дека Министерството за европски прашања е на располагање на општините за обезбедување на сите предуслови со цел да се овозможи искористеност на ЕУ фондовите во насока на подобрување на животот на граѓаните.

INFO