На повидок е спектакуларен трансфер помеѓу ПСЖ и Реал: Алонсо ќе се ослободи од една ѕвезда!

Летниот преоден рок полека се „затоплува“ и се очекува да добиеме неколку спектакуларни трансфери во наредните недели. Еден од нив е во преговори меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, и се чини дека наскоро би можел да се постигне договор.

ПСЖ конечно успеа да ја освои Лигата на шампионите минатата сезона и под палката на Луис Енрике, овој тим играше навистина фантастично.

Сепак, поразот во финалето на Светското клупско првенство против Челзи покажа дека и Парижаните имаат свои слабости, а Енрике сака да го искористи преодниот рок за да го реши и тоа.

Иако има одличен тим на располагање, шпанскиот стручњак сака да доведе неколку засилувања пред почетокот на следната сезона, а се појавија информации дека едно од нив би можело да биде играч на Реал Мадрид.

INFO