На Барселона многу брзо и истекува времето да ги пријави Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната. Таа има уште три недели да ги најде парите што и се потребни за тоа, а иако се споменуваа некои идеи како клубот да го направи тоа, тие се уште не се реализирани.
Олмо во летниот преоден рок пристигна во Барселона од РБ Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, кој зголемен за бонуси ќе ја пробие границата од 60 милиони. Поради правилата за регистрација на играчи, Барселона може да искористи 80 отсто од издвоената сума за платите на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен за да го регистрира поранешниот играч на Динамо и Пау Виктор. Во моментот на нивното опоравување, Барса мора да собере пари за Олмо и Виктор да го одиграат вториот дел од сезоната.
Шпанските медиуми пишуваа дека на клубот ќе му бидат потребни 50 милиони евра за продолжување на регистрацијата со важност до 31 декември. Неодамна каталонски спорт тврдеше дека клубот е во преговори за „продажба на ВИП места на стадионот во следните 20 години, што треба веднаш да им донесе 200 милиони евра“. Сè уште ништо не е реализирано.
„АС“ во текстот насловен „Дани Олмо, во опасност“ пишува дека клубот почнува да се грижи за моменталната ситуација, но и додава дека постои одреден степен на верба дека претседателот Жоан Лапорта ќе успее да го реши проблемот.