Мицкоски: На потегот од Климештани до Охрид вклучени 1.100 -1.200 работници

Како што наведува Мицкоски, активности се спроведуваат по целата траса на автопатот од кој минатата недела беа пуштени првите 20 километри.

„Во овие осум месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така во работата, има и специјализирани машини, особено за потпатниците. Во број на ангажирани работници, некаде околу 1.100 -1.200 работници работат по целата траса на автопатот.
Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените“, истакнува премиерот.

Истата објава на ФБ ја сподели и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според најавите, потегот од Климештани до Охрид се очекува да биде пуштен за сообраќај кон крајот на летото.

INFO