Навреди, обвинувања, вмешани семејства и новинари на собраниската седница за ребаланс на Буџетот (ВИДЕО)

„На денешната седница на Собранието на Република Македонија, каде што тема е ребаланспт на Буџетот, му реплицирав на поранешниот вицепремиер од Владата на ДУИ и СДСМ, Фатмир Бетиќи. Откако го соочив со вистината и му искажав неколку факти, некогашниот вицепремиер во очигледна нервоза и паника, видно изнервиран го покажа вистинското лице. Почнаа навреди за семејство, за новинарите! Маските паднаа и се виде вистината“, напиша пратеникот Мицевски .

А вистината можете да ја видите на видеото, додаде тој.

„Може да се види нервоза, агресивност, дрскост и еден исплашен човек. Човек кој мисли дека ако навредува и глуми жртва некој ќе му се смилува. Дека одговорноста за постапките ќе биде заборавена. Е вакви луѓе ни ја воделе државата, вакви луѓе ја кроеле нашата судбина. Добро е ова видео да има јавна осуда – за никогаш повеќе вакви луѓе или слични на нив не дојдат во можност да водат институции или сериозни процеси во нашата држава“, напиша пратеникот.

Во реплика до Битиќи на собраниската седница пратеникот Мицевски му рече дека додека тој бил вицепремиер неговата сопруга аплицирала и од Владата добила 600.000 евра од буџетот за проект, како и сопругата на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Ерол Муслиу.

„Господине Битиќи, пред да ни држите лекции за чесност, еднаквост и водење на економија, вратете се дома и погледнете ги апликициите на вашата сопруга, како и на сопругата на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу, и потсетете се на времето кога истите аплицираа и добија фантастични шесто илјади евра од Владата, кај што вие бевте вицепремиер. И дали економски бум според вас е тоа што токму вашата сопруга добиваше проекти финансирани од државата, додека бевте на јавна функција. Додека народот врзуваше крај со крај, едвај. Додека вработените по институции не земаа плати по неколку месеци, вие си делевте грантови на вашите сопруги, господине Бетиќи. И ова не беше ни прв, ни изолиран случај. Тоа беше системска шема на СДС и овие позади вас ДУИ, во која парите на граѓаните се вртеа во круг на семејства блиски до вас. И наместо да се засрамите, вие денес имате дрскост да зборувате за буџет кој е наменет за економски раст, буџет во кој ќе има зголемени пензии, повеќе работни места, повеќе ќе има за младите, повеќе капитални проекти за општините и така натака. Додека народот едвај преживуваше, вашите фамилии се офајдуваа и тоа е вистинската слика за времето кога вие бевте на власт. Господине Битиќи, најмалку што можевте да направите е да си поднесете оставка, барем од морални причини, да оставевте место на некој млад, нов и неискористен политичар. Жалам што денес од вас треба да очекуваме позитивна критика“, му реплицираше Мицевски на Битиќи.

На ова Битиќи му врати на Мицевски споменувајќи новинар кој го нарече кретен.

„Може ли да го прашаш министерот Панче Тошковски каде е сефот? Да не е во службите? Затоа што вие најдобро знаете како да правите притисок на опозиционери, ама како што денеска ви одговарам за пишаните реплики што ви ги пишуваат затоа што не знаете што е, така ќе ви зборувам. Вие имате еден убав македонски збор покварен. Има граница колку можеш да биде, а вие тоа најдобро го знаете. Јас тогаш на еден ваш квази-новинар му реков, ако најдете дека некој земал пари, шесто илјади ќе ги дадам за да ги образувам децата да не бидат такви кретени како што е тој“, му врати Битиќи на Мицевски.

Собранието попладнево со 65 гласа за и 14 гласа против го донесе дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година. Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени мислења за овој стратешки економски документ.

Целосното обраќање на пратеникот Фатмир Битиќи и репликата и контрарепликата со пратеникот Јован Мицевски може да го погледнете во видеото од 38:37 – 1:00:34.

INFO