Македонската кошаркарска репрезентација од денеска е комплетна. Во Гевгелија пристигна Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли.
Со Вајли „црвено-жолтите“ ќе добијат цврстина под обрачите. Тој заедно со Адем Мекиќ и Андреј Магдевски ќе бидат лидери на младите кошаркари.
Вајли последен пат за македонската репрезентација играше во претквалификациите за СП 2023 година. Има одиграно 12 натпревари на кои забележал просек од 12.8 поени и 7.6 скока. Вајли е еден од оние Американци со македонски пасош кој има оставено позитивен впечаток.