Од Америка стигна потврда дали Јокиќ ќе настапи за Србија

Со оглед на тишината што владее во и околу КСС, се поизвесно е дека ова ќе се случи, а сега неофицијална потврда пристигна од далечната Америка.

„Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе се натпреваруваат на Евробаскетот следниот месец за своите земји. За сите фанови на НБА кои сакаат да гледаат акција со висок влог, Евробаскетот секогаш испорачува“, напиша новинарот Еван Сидери, автор на престижното списание Форбс.

Јокиќ е на турнеја низ Кина во последните десет дена со својот бренд патики од кинескиот производител на спортска опрема 361°.

Тој освои бронза со Србија на Олимписките игри во Париз минатото лето, а има и сребро за Игрите во Рио де Жанеиро 2016.

INFO