Два руски нафтени танкери кои превезуваа повеќе од 4.300 тони нафтени деривати денес потонаа во Црното Море. Дополнително, водата беше разбранета поради бура, со што сериозно се зголемува шансата за сериозна еколошка катастрофа, пренесува Гардијан.
Товарниот брод „Волгонефт-212“ се преполови откако беше погоден од голем бран. Во видео кое кружеше по социјалните мрежи можеше да се види како една половина од него речиси вериткално стои над водата. Според објавите на руските медиуми, бродот налетал на тешкотии близу источниот брег на окупираниот Крим, односно на 8 километри од Керчкиот Проток.
Танкерот превезувал 4.300 тони мазут. Руската започна спасувачка операција во која учествуваа бродови и хеликоптер. Тринаесет членови од екипажот биле спасени со хеликоптерот.
Кратко потоа, друг товарен транспортер, „Волгонефт-239“, се соочи со тешкотии во истата област. Тој носел четири тони мазут. Тој брод исто така потонал.
Овластени лица од Украина рекоа дека Русија постапила несовесно и невнимателно
„Ова се доста стари руски танкери. Не смее да се излезе на море во вакво невреме. Русите ги прекрши правилата – резултатот е несреќа“, Дмитар Плетенчук, портпарол на украинската морнарица.
„Волгонефт-212“ бил стар 55 години, регистриран во Санкт Петербург и неодамна сервисиран. Средишниот дел бил отстранет, а предниот и задниот дел биле заварени, формирајќи огромен шев во средината. Се чини дека токму овој дел се скршил.