За едно деноноќие евидентиран 51 пожар, од нив 8 се активни

Во текот на изминатото деноноќие, во Македонија биле регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се активни, седум се под контрола, а 36 се изгаснати.

„Активни се пожарите во селото Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), потоа, пожарот во село Бешиште, а пожар има и помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен и Галиште, Трстеник (опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација). Гори и  меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа како и помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума). Пожар има и во село Нерав (висока борова шума) и во село Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума), како и во село Ќосевица (борова шума)“, ифнормираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

 

INFO