Во руски напад врз корективен центар во регионот Запорожје, загинаа 16 лица, а повредени се најмалку 35, пишува Гардијан.
Гувернерот на регионот, Иван Федоров, објави на Телеграм дека затворот е целосно уништен, а оштетени се и неколку околни приватни куќи.
Овој напад е еден од најсмртоносните во последните месеци во Украина, која е под руски воздушни напади од почетокот на целосната инвазија во 2022 година.
Дополнително, во напад врз регионот Днипропетровск загинале уште четворица, а има и повеќе повредени, информираа регионалните власти.
Федоров изјави дека руските сили извршиле осум воздушни напади врз регионот Запорожје, користејќи високоексплозивни воздушни бомби.