Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат моменталните податоци на платформата „IQ Air“.
Со Индекс на квалитет на воздухот од 172, воздухот во македонскиот главен град е оценет како нездрав. Бројот на ПМ 2,5 честички изнесува 85 микрограми на метар кубен.
Покрај тоа што е град со најзагаден воздух во Европа, Скопје во моментов е на петто место по загаденост во светот.

фото: Принтскрин од www.iqair.com (20 декември 2024 во 10:25ч)На врвот на листата како најзагаден град во светот е Делхи (Индија), по што следуваат Лахор (Пакистан), Багдад (Ирак) и Акра (Гана).
Со речиси ист квалитет на воздухот, зад Скопје се Мумбаи (Индија) и Вухан (Кина).
Минатиот вторник во Скопје се одржа протест против аерозагадувањето. Од Иницијативата „Зелен хуман град“ побараа итно системско справување со загадениот воздух, преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните.