„За Општина Сарај кандидат ќе биде Блерант Рамадани, генерален сектетар на партијата. За Теарце – Назим Таипи, кој е претседател на партиското собрание. Следуваат активности за промоција на кандидатите“, истакна Арбен Таравари на прес-конференцијата по партискиот состанок.
Носителите на листи сè уште не се познати, и тоа ќе се одлучува според Таравари на ниво на работни тела со другите партии од опозициската коалиција во албанскиот политички кампус.