ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2 АВГУСТ ЌЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА

Видеолотарија Касинос Австрија со гордост и задоволство ќе биде дел од навивачите кои ќе ја бодрат машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија на почетокот од претквалификациите за Светскиот Куп 2027.

На големиот празник-Илинден, на 2 август – со почеток во 20:00 часот, во спортската сала во Куманово, машката сениорска репрезентација на Македонија за противник во првото коло од натпреварите во групата „Е“ја има селекцијата на Романија.

Овој натпревар е дел од втората фаза во претквалификациите за Светскиот Куп во 2027 година. Во август, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат четири натпревари во претквалификациите. Македонија е дел од групата „Е “, во која се и репрезентациите на Романија и Унгарија.

Средбата Македонија – Романија ќе стартува од 20 часот, со директен пренос на програмата на МРТВ.

INFO