Вишиот суд во Белград им одреди притвор од 30 дена на 13 осомничени меѓу кои и поранешните министри Горан Весиќ и Томислав Момировиќ, во случајот за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад и реконструкцијата и модернизацијата на железничката пруга Нови Сад, објави N1.
Сите осомничени имаат рок од три дена за жалба на решението на судот.
Ова се случува откако Јавното обвинителство за организиран криминал (ТОК) во Србија вчера објави дека сослушало 12 осомничени во овој случај, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Томислав Момировиќ, поранешната помошничка министерка за транспорт Анита Димовски и поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија Небојша Шурлан, и дека сите тие ја негираат вината.
Осомничените се товарaт дека со потпишување повеќе анекси на комерцијалниот договор ѝ овозможиле на кинеската компанија изведувач CRIC – CCCC да наплати над 1,2 милијарди долари за изведени работи, вклучително и дополнителни работи вредни над 64 милиони долари.
Со тоа, според обвинителството, на изведувачот му била прибавена корист од најмалку 18,7 милиони долари, а буџетот на Србија бил оштетен за повеќе од 115 милиони долари.
Вчера, обвинителот побара и осомничениот Горан Росиќ, одговорното лице во „Теко“ д.о.о., да биде приведен и да биде издадена потерница.