Милер ја обвининува Индија за финансирање на руската војна со купување нафта

Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот во Белата куќа и еден од највлијателните помошници на американскиот претседател Доналд Трамп, ја обвини Индија за финансирање на војната на Русија во Украина со купување нафта од Москва, откако американскиот лидер го засили притисокот врз Делхи да престане да купува руска нафта, пренесува „Гардијан“.

„Она што Трамп го кажа многу јасно, е дека не е прифатливо Индија да продолжи да ја финансира оваа војна со купување нафта од Русија“, рече Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот во Белата куќа и еден од највлијателните помошници на американскиот претседател.

Критиките на Милер во неделата беа едни од најсилните досега од администрацијата на Трамп.

„Луѓето ќе бидат шокирани кога ќе дознаат дека Индија е во основа поврзана со Кина во купувањето руска нафта. Тоа е зачудувачки факт“, рече Милер во емисијата „Сандеј Морнинг Фјучерс“ на „Фокс њуз“.

Извори од индиската влада беа цитирани од разни медиуми во саботата, велејќи дека Делхи ќе продолжи да купува нафта од Москва и покрај заканите од САД.

 

 

INFO