Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани

На територијата на државата денеска се регистрирани девет пожари на отворен простор, од кои само еден останува активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активниот пожар е кај селото Стровија, во близина на местото Гајдарец-Клепало, во општина Долнени, каде што гори нискостеблеста шума.

Од ЦУК соопштуваат дека еден пожар е под контрола, а седум се целосно изгаснати, благодарение на брзата интервенција на теренските служби и соработката со локалното население.

Под контрола е и пожарот на планината Готен, од беровската страна, каде што гори мешана шума од бор, бука, смрека, грмушки, ниска вегетација и ниска вегетација.

INFO