Мицкоски со осуда на ксенофобичното и националистично навивање во Куманово

„Во текот на вчерашниот ден домаќинот, а тоа беше Кошаркарската федерација на Македонија, исто така и Општина Куманово го осудија скандирањето и ксенофобичните испади на неколкумина во салата. Искрен да бидам додека бев таму, воопшто и не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група на луѓе.
Но исто така, еве би сакал да ја искористам оваа прилика да се приклучам кон осудата на национализмот и ксенофобијата, најпрвин на таа што се случи за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија, а потоа и да упатам порака до сите навивачки групи да навиваат спортски, да го бодрат својот тим и националниот тим на Македонија. Тоа е она кое што оваа Влада го подржува, а сето останато ќе биде предмет на истрага и предмет на санкции, без разлика од која страна доаѓа“, вели Мицкоски.

Притоа премиерот дополнително нагласи: „Уште еднаш да повторам – апсолутно го осудувам ксенофобичното и националистичко скандирање на неколкумина, коишто не наидоа на поддршка од страна на ниту еден од присутните во салата“.

 

INFO