Спасен е параглајдерист кој синоќа доживеал несреќа при лет во близина на Крушево и останал заглавен во дрво високо 30 метри. Тој удрил во дрвото, се здобил со повреди и не бил во можност самиот да се извлече.
Параглајдеристот, странски државјанин, бил симнат од страна на тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување. Од таму информираат дека акцијата се одвивала во лоши услови со силен ветар и во ноќните часови, но и дека параглајдеристот, за среќа, нема сериозни повреди.