ШКЕНДИЈА (трансфери, играчки кадар, очекувања): Шампионот во одбрана на тронот!

Шкендија ова лето дојде до историски успех во Европа. Оствари пласман најмалку во групна фаза во Лигата на Конференции или по ново во лигашката фаза. Допрва ќе видиме дали може повеќе.

Актуелниот шампион во претстојната сезона ќе го брани тронот и ќе оди по својата шеста “ѕвездичка“. Веќе е втор најтрофеен клуб во Македонија, веднаш зад Вардар.

Јасно е дека по неколку години пауза, повторно, барем такви се прогнозите, за титулата ќе решаваат скопските и тетовските “црвено – црни“. Кога ќе играат Шкендија и Вардар тоа ќе бидат мега – дербија за наши услови.

Тетовци досега не направија којзнае какви промени во играчкиот кадар. Зејнулаи како најголемо засилување досега, секако дека ќе донесе креативност во играта. Голманот Гаје е топ-засилување, Красниќи и Мурати се вратија под Шара. Си заминаа Шаља, Коцев, Адили, Мерџани и Јанков, но и без нив Шкендија е силна, екстра силна за наши услови.

INFO