РАБОТНИЧКИ (трансфери, играчки кадар, очекувања): Што може “НОВИОТ“ Работнички?

Како и секoја година кога стартува новата сезона во ПМФЛ, така и оваа кога се однесува до Работнички, стои прашањето. А тоа е што може овој тим од Градски парк? Што може овој “нов“ Работнички?

Видовме како мина во Европа, видовме какви резултати имаше на подготвителните мечеви, посебно на “генералката“ со Скопје 0:1. Нов тренер, нов тим, драстично подмладен и релативно послаб во однос на квалитетот, во однос на минатата сезона.

Лани Работнички само за еден гол не стана есенски првак. Лани Работнички играше фантастично под водство на Горан Станиќ. Но падот почна од зимскиот преоден рок кога беа продадени најдобрите.

INFO