СИЛЕКС (трансфери, играчки кадар, очекувања): Кратовци повторно во битка за врвот!

Како и минатата, така и оваа сезона. Ова се очекувањата за Силекс во поглед на предвидувањата и прогнозите за тоа како овој некогашен трикратен шампион на Македонија, би можел да мине во ПМФЛ во сезоната 2025/26. Кратовци денеска против Брера го стартуваат новиот шамионат со нескриени амбиции повторно да бијат битка за врвот на табелата.

Секако дека тука се Вардар, Шкендија, Струга ТЛ, но тие се уверени дека и нивниот клуб припаѓа во ова друштво, па и Тиквеш.

Откако несреќно беа елиминирани од Дечич во квалификациите уште во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, кратовци и дефинитивно се вртат кон домашната сцена. Релативно добро го одработија преодниот рок, иако јасно е дека сеуште има време за нови трансфери, тренерот Александар Васоски и оваа сезона ќе има добар тим за наши услови. Секако дека најзвучното засилување е Мартин Мирчевски, кој по неколку години минати во Србија и БиХ, се врати во Македонија, но во редовите на Силекс.

INFO