Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје во својот живот и планира да го продаде својот дом во Лос Анџелес за да се пресели во странство.
50-годишната актерка, како што ексклузивно дознава People, веќе започнала подготовки за продажба на луксузната вила што е нејзин дом со години.
„Џоли никогаш не сакала трајно да живее во Лос Анџелес. Немала избор поради договорот за старателство со Бред“, открива изворот, алудирајќи на нејзината долгогодишна правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит (61).
Поранешната двојка, чиј развод беше финализиран во декември 2024 година по осум години борба, делат шест деца: Медокс (24), Пакс (21), Захара (20), Шајло (19) и близнаците Нокс и Вивиен (17).
Изворот додава дека актерката планира да замине штом нејзините најмлади близнаци ќе наполнат 18 години следната година.
„Размислува за неколку локации во странство. Многу е среќна што ќе може да го напушти Лос Анџелес“, додал изворот.
Историска вила на продажба
Ова е навистина посебен имот. Џоли планира да направи неколку мали подобрувања пред да го стави имотот на пазарот. „Тоа е историско ремек-дело и толку прекрасен имот“, забележува изворот. Актерката ја купила историската зграда од 1913 година во 2017 година за 24,5 милиони долари.
Пространиот имот од 1.000 квадратни метри има шест спални соби и десет бањи. Неговата вредност лежи и во богатата холивудска историја – режисерот Сесил Б. ДеМил го купил во 1916 година, а подоцна го анектирал и соседниот имот каде што некогаш живеел Чарли Чаплин.
„Сакам приватност, мир и безбедност“
Џоли претходно зборуваше за својата желба да го напушти Лос Анџелес. Во интервју за „Холивуд репортер“ во 2024 година, таа рече дека е во градот затоа што мора да биде таму поради разводод. Откако нејзините обврски повеќе нема да бидат врзани за Калифорнија, таа е подготвена да живее во странство, барајќи квалитети што Лос Анџелес не може да им ги понуди нејзе и на нејзините деца.
„Кога имате големо семејство, сакате тие да имаат приватност, мир, безбедност“, рече таа во тоа време. „Сега имам куќа за да ги одгледам моите деца, но понекогаш ова место може да биде… таа човечност што ја најдов низ целиот свет не е она со што пораснав тука.“
По заминувањето, таа откри дека ќе „поминува многу време во Камбоџа“, каде што го посвои својот најстар син, Медокс, во 2002 година. Порано оваа година, на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, таа призна дека Камбоџа е единственото место што навистина го смета за свој дом.