Како Русија ѝ ја продаде Алјаска на Америка за 7,2 милиони долари

Доналд Трамп во понеделникот изгледаше како да помеша географија и историја, изјавувајќи на телевизија дека планира да се сретне со Владимир Путин „во Русија“ во петок, на нивниот долгоочекуван и високоризичен самит, пренесува „Гардијан“. 

Ова беше најнов во низата лапсуси на американскиот претседател, иако, ако го кажеше ова пред малку повеќе од еден и пол век, ќе беше точно. Алјаска, со Ново-Архангелск како нејзин регионален главен град, останала дел од Руското Царство под царот Александар II, сè до нејзината продажба на САД во 1867 година. Кога авионот на Путин ќе слета во Алјаска, ќе биде пречекан од траги на некогашното руско присуство. Од дивите, нерамни брегови на островот Баранов до Анкориџ, најголемиот град во државата, руските православни цркви со своите препознатливи куполи во форма на кромид, сè уште може да се видат.

Руското присуство во Аљаска започнало не со армии, туку со крзно. Во средината на 18 век, трговци и авантуристи се пробивале на исток преку Сибир, поттикнати од ветувањето за профитабилни крзна од морски видри. До крајот на 1780 години, Екатерина Великa ја одобрила основата на руско-американската компанија, давајќи ѝ монопол врз трговијата и управувањето со територијата.

Трговецот Александар Баранов ја зацврстил руската контрола врз регионот кон крајот на 18 век, проширувајќи ги населбите и безмилосно потиснувајќи го отпорот – најпознато оној од домородното племе Тлингит, кое му го дало мрачниот прекар „Без срце“. Руските православни свештеници потоа основале мисии и граделе цркви. Во Нов Архангелск (денешно Ситка) ја подигнале катедралата „Свети Михаил“, чија зелена купола се издигнува на позадината на глечери и сè уште доминира во градот повеќе од 150 години подоцна.

Продажбата на Аљаска се појави како редок дипломатски „win-win“ (добивка за двете страни): за Русија – начин да се повратат пари, да се добие нов, во подем, сојузник преку Атлантикот и да се избегне потенцијален конфликт со Британија, а за САД – можност да се спречи европско навлегување и да се потврди нејзиното сè поголемо влијание во Пацификот. Сепак, кога Руското Царство се согласи на продажбата во 1867 година, малкумина од двете страни на Пацификот на почетокот ја гледаа како апсолутна победа.

Во Санкт Петербург, некои ја гледаа како најново империјално понижување. Колонијата, оддалечена и скапа за снабдување, никогаш не била бисер на империјата, но цената од 7,2 милиони долари, на многумина им се чинела навредливо ниска. Либералниот весник Голос ја отфрлил зделката како „длабоко навредлива за сите вистински Руси“.

„Зар чувството на гордост на нацијата навистина е толку недостојно за внимание, за да може да се жртвува за само шест или седум милиони долари?“, пишува во весникот Голос.

Низ целите САД, државниот секретар Вилијам Х. Сјуард, кој го преговарал договорот, бил исмејуван за тоа што, според критичарите, потрошил неразумна сума на замрзната пустелија.

New-York Daily Tribune ја отфрлила аквизицијата како „номинален посед на непроодни пустини од снег“.

„Можеме да склучиме договор со Русија, но не можеме да склучиме договор со Северниот ветер или со Снежниот крал“, пишува во статијата.

INFO