Барем си призна: Кога ќе ја видиш понудата, не можеш да поверуваш!

Ова лето искусниот стопер на Барселона, Иниго Мартинез во Саудиска Арабија и тоа во тимот на Ал-Наср. Тоа беше големо изненадување за јавноста, посебно за фановите на каталонската гордост, а и за тренерот Ханси Флик.

Еве како тоа го објасни самиот Мартинез:

Кога ќе ја видите понудата, не верувате во неа. Никој не е подготвен да види вакви договори, барем јас не сум. Бев фудбалски работник и се искачував по скалите со труд и пот, но кога ќе добиете ваков договор, тоа ве изненадува, особено вашето семејство“.

Мартинез објасни како му ја соопштил веста на тренерот Ханси Флик. „Разговарав со Флик откако се вратив од турнејата. Бев искрен со него бидејќи знаев дека ќе ме разбере совршено, со оглед на тоа што сè уште имам уште една година од договорот и имам 34 години. Вакви возови доаѓаат многу ретко и тешко е да се каже не“.

INFO