Пред локалните избори во Струмица СДСМ пак го актуелизира баџанакот на Мицкоски

Во Струмица пред локалните избори разединетоста во општинската организација на СДСМ резултира со бројни шпекулации и манипулации. Герасим Лазов, истакнат активист и член на Централниот одбор на СДСМ на социјалните мрежи пишува дека е можно министерот Тошковски да доделил тендерот за полагање на возачки испити во Струмица на баџанакот на Христијан Мицкоски, Јорданчо Јанев.

Тој прашува дали Панче Тошковски наместил тендер за истиот да го добие Јорданчо Јанев, баџанак на премиерот Христијан Мицкоски. „Дали баџанакот на премиерот Мицкоски, Дано камионџијата го има земено тендерот за испитниот центар за полагање на возачки испит за Струмица и околината? Дали Панче Тошковски го наместил тендерот баш баџанакот Дано да го добие? Вие патриоти на батерии пуштете си ја заветна и посилно плускајте“.

По овие информации од социјалните мрежи, пренесени и по некои портали, веднаш се јави Столе Иванов. „Ги замолувам поединци и некои портали да престанат да објавуваат неточни информации за Центарот за полагање во Струмица. Лиценцата Центарот ја доби уште во 2023 година и таа сѐ уште е валидна. Така, лажни се информациите за доделен нов тендер од МВР, а и каква било поврзаност на лицето Јорданчо Јанев со овој центар“, напиша Иванов.

INFO