Лефков: Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи

Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи – Каде се да дадат коментар, да кажат од каде парите и како се спечалени? Праша на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

Како Заев стигна до јахта од 850.000 евра? Како е платена и со кои пари, тоа се прашања на кои и СДС и Филипче мора да дадат одговор. Филипче не може да бега од одговори, тој е должен да одговори од повеќе причини, а една од нив е и тоа што Заев и Филипче имаат фирми на истата адреса во Бугарија. Втората причина е тоа што браќата на Заев и Филипче имаат заедничка фирма за производство на струја. Трета е тоа што фирмата на Заеви во Бугарија каде комшија е Филипче се поврзани со тендери во Македонија. Врските помеѓу Заев и Филипче се безброј, и затоа Филипче мора да даде одговори, истакна Лефков.

Тоа што ќе продолжи да молчи СДС и Филипче е само знак дека се фатени инфлагранти и не знаат што повеќе да лажат, зошто секој ден тонат од една во друга лага, додаде Лефков.

INFO