Велковски: Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има

„Преземаме сет мерки за мотив да останат младите и да не се иселат. Веќе има резултати. Имаме стратегија во оваа смисла и за зголемување на наталитетот, рече меѓу другото“, Велковски.

Во однос на питачењето, особено од страна на деца, Велковски рече имало план и конкретни чекори, за да се реши проблемот и ќе се работи и со семејствата и со децата.

Велковски истакна дека се решавал и проблемот и со недостаток на вработени во детските градинки. Упатувајќи критики за претходното работење, тој нагласи дека сега системски се постапува и со надминување на проблемот со листи за чекање при запишување деца во градинки. Се осврна и на инвестициите во изградба на нови градинки и простори за деца.

Околу жалбите за работата во одделни центри за социјални работи, тој одговори дека биле констатирани недостатоци во минатото, а инспекциите биле засилени на терен, со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите. Во изминатите години, тој рече дека имало затајувања на системот, па посочи оти за една година имало придвижување.

INFO