Рано утринава до Единицата за информирање и командување при Министерството за внатрешни работи (МВР) пристигнала дојава за поставена експлозивна направа во авион на Меѓународниот аеродром Скопје.
Согласно предвидените процедури, аеродромските служби и сите релевантни институции биле веднаш известени, а активирани биле и плановите за постапување при вакви ситуации.
Единиците на МВР, во координација со Одделот за обезбедување на ТАВ Македонија, спровеле детални проверки и утврдиле дека дојавата била лажна.
Нема откажани летови но авионскиот сообраќај на аеродромот бил привремено запрен до 6:00 часот изутрина, кога МВР официјално соопштило дека е безбедно операциите да продолжат по редовниот распоред.