Суперкупот на Италија веќе неколку години се игра надвор од Апенините во Саудиска Арабија, а јасно е дека парите се главната причина за ваквата одлука.
На овогодинешното издание на Суперкупот ќе учествуваат Интер, Аталанта, Јувентус и Милан. Програмата веќе стартуваше со натпреварот меѓу Интер и Аталанта, а на крајот клубот од Меаца победи со 2:0 и се пласираше во финалето, каде го чека противникот од пресметката помеѓу Јувентус и Милан.
Пред почетокот на натпреварувањето беше организиран собир на челниците на сите клубови, а во центарот на вниманието беа Златан Ибрахимовиќ и Џузепе Марота.
Директорите на градските ривали позираа заедно и си разменија подароци, но Златан немаше поим што му подготвува Марота.